Значителен раст на синдикалната кошничка – За да се прехрани едно семејство потребни се 65.544 денари, а доколку се користи и стан под кирија сумата е фрапантна

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година изнесува 65 544,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2025 год. која изнесува 65 077,00 денари е зголемена за 467,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80 919,00 денари, соопшти Сојузот на Синдикатите на Македонија.

Структура на новата СMK за месец октомври2025 година

Месечно по домаќинствоСтруктура во проценти
01 Храна и пијалаци23.77236,3
02 Облека и обувки5.7318,7
03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење6.1309,4
04 Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот2.6554,1
05 Здравје1.1851,8
06 Транспорт4.6737,1
07 Комуникации3.4175,2
08 Рекреација и култура5.5928,5
09 Образование7.15910,9
10 Ресторани и хотели4.1316,3
11 Останати стоки и услуги1.1001,7
Вкупно СМК65.544100,0

 

  1. Станарина, вода, електрична енергија  и греење ( со изнајмен стан 60м2 )-   21.505

Синдикална минимална кошница вкупно:80.919

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за октомври 2025 изнесува 23.772,00 денари споредена со септември 2025 година (23 394,00 денари) е зголемена за  378,00 денари.

 

извор ССМ.

фото Centar.mk/JSImagenery

Можеби ќе ве интересира...

Покачување на пензиите од април за 1.000 денари, колку што чинат 5 килограми краставици

BiznisPRO

Рекордни приходи од концесии: За девет месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини

BiznisPRO

ГРАЃАНИТЕ СО ПОВЕЌЕ ПАРИ ВО ЏЕБ: Просечната бруто плата изнесува 64.697 денари, додека нето 43.050 денари

BiznisPRO