Во 2023 година, 63.2 % од вкупната потребна енергија е обезбедена од увоз

Вкупната потребна енергија во 2023 година изнесува 2 707 695 тони нафтени еквиваленти (тое), информира ДЗС.

Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат:

  • Нафтените продукти – 43.3 %
  • Цврстите горива – 30.0 %.

Бруто-примарното производство изнесува 942 472 тое, што претставува намалување од 9.3 % во споредба со 2022 година.

Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 19.3 %, додека најзначително зголемување е евидентирано кај:

  • Соларната електрична енергија – од 369.6 %
  • Хидроенергијата – од 20.6 %.

Финалната енергетска потрошувачка во 2023 година изнесува 1.793.862 тое, при што енергијата е распределена по сектори на следниот начин:

  • Сообраќај – 44.9 %
  • Домаќинства – 26.3 %
  • Индустрија – 18.7 %
  • Останати сектори – 9.1 %

Можеби ќе ве интересира...

Историски исчекор за нашата земја ‒ Станавме членка на СЕПА

BiznisPRO

Работна посета на претставници од Министерството за финансии на САД во Стопанската комора на Северна Македонија

BiznisPRO

Еден од најголемите трговски ланци доаѓа во Србија

BiznisPRO