фото Бизниспро

Николоски: Од утре 11 нови директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Во прилог интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:

“Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродрoм почуваат веќе од утре. Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за туrистите од Франција и Германија, затоа што ова е таканаречениот европски аеродром што ги спојува овие три држави.

Од Скопје ќе се лета кон Стокхолм на главниот аеродром, ќе се лета за Штутгарт, за Бари, Ларнака-Кипар и сето тоа започнува од утре 27 октомври.
А веќе од следниот понеделник од 3 ноември, ќе се лета кон Женева, исклучително значајна дестинација која покрај за туристи, сметам дека ќе донесе и многу бизнисмени во Скопје, понатаму Мадрид, а од 15 декември и кон Прага и Келн.

Ако на ова додадеме дека од април ќе се лета кон Будимпешта и Неапол, ова е целосната слика што ја прави Владата за да привлече нови авиолинии кои што се субвенционирани за оние кои што доаѓаат во Охрид и Скопје, затоа што субвенциите се наменети за патник во доаѓање. Ваква револуција во авиосообраќајот не е видена со децении и затоа ова е најдобар поттик да работиме во следниот период. Расте бројот на патници на скопскиот и на охридскиот аеродром, расте бројот на туристи во Македонија и вака ќе продолиме да ја развиваме Македонија.

Нека е со лесно, добредојде на сите кои ќе слетаат во Охрид и Скопје и пријатно патување”- се обрати Николоски

Можеби ќе ве интересира...

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

BiznisPRO

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

BiznisPRO

Грција поскапува: Високи такси и скапи аранжмани за летната сезона 2025

BiznisPRO