Кипарскиот „Гунвор“ го купува „Лукоил Интернешнл“

„Лукоил“ соопшти дека се договорил со „Гунвор“ групацијата да ги продаде сите свои средства во странство.

Во соопштението се истакнува дека клучните услови на трансакцијата биле претходно договорени меѓу страните.

„Лукоил“ информира дека понудата дадена од „Гунвор“ групацијата за купување на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, со седиште во Австрија, е прифатена и дека компанијата се обврзала да не преговара со други потенцијални купувачи.

Но сега следува нов чекор, па така склучување на обврзувачки договор и готовинска трансакција, потребно е „Гунвор“ групацијата да добие дозвола од OFAC, агенцијата на Министерството за финансии на САД што воведе санкции врз „Лукоил“.

„Доколку е потребно, страните планираат да поднесат барање за продолжување на постојната лиценца на OFAC и сите дополнителни лиценци за да се обезбеди непречено работење во странство и банкарски услуги во периодот до завршувањето на трансакцијата“, се вели во соопштението на „Лукоил“.

Се додава дека продажбата на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, која е сопственик и на српската филијала на „Лукоил“, е последица на рестриктивните мерки воведени од некои земји против компанијата и нејзините подружници.

Можеби ќе ве интересира...

Голема финална листа: Проверете дали вашиот дом влезе во субвенциите од 1000 денари за струја во 2025 година!

BiznisPRO

Во септември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата достигна 68.392 денари, додека нето платата е 45.466 денари

BiznisPRO

Курсна листа за 25 декември 2024

BiznisPRO