Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како да се преживее?

Индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.8 %, информира Државниот завод за статистика.

Додека пак инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува- 0.2 %, информира ДЗС.

Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 6.1 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, Образование и Рекреација и култура за 0.1 %.

Во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Облека и обувки за 1.2 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0.2 % и Здравје за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува 98.7.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

BiznisPRO

Трнува исплатата на пензиите – Ќе бидат покачени за 2.500 денари линеарно за сите

BiznisPRO

Животот станува се’ поскап – Инфлацијата од 5 отсто ги изеде покачувањата на платите

BiznisPRO