Претседателот на Комората, Азески, и Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев.

На средбата претседателот Азески подвлече дека, Стопанската комора на Северна Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати како и пред да стане градоначалник, како генерален менаџер на Кожувчанка Кавадарци и како претседател на Регионалната комора во Квадарци, имаше одлична соработка, а ја истакна и заложбата дека во следниот период ќе следи уште поголемо вмрежување и активности во насока на создавање моќно партнерство од значење за бизнис заедницата.

Д-р Јанчев како активен поддржувач и промотор на македонската економија и во овој мандат ќе ја добие целосната поддршка од Стопанската комора на Северна Македонија, институција во која тој активно е вклучен повеќе од 20 години.

Претседателот Азески му ја врачи наградата на д-р Јанчев за најгледан поткаст како гостин во првата сезона на “Бизнис Клуб” со Бранко Азески.

фото Стопанска комора

Можеби ќе ве интересира...

МФ ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5% за втората година, средствата легнати на сметките на 1448 граѓани кои запишаа обврзници

BiznisPRO

Бројот на одобренијата за градење во мај 2025 година е зголемен за 80.4 % во однос на истиот период од претходната година

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска на Форумот на Инвисо: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

BiznisPRO