УЈП: Искрени честитки по повод 10 ноември – Меѓународниот ден на сметководителите!

Со особена почит го одбележуваме овој ден, изразувајќи признание за вашата посветеност, стручност и одговорност во извршувањето на оваа значајна и благородна професија, се вели во честититката на УЈП

Сметководителите претставуваат неопходен дел од економскиот систем – сигурен партнер во обезбедувањето точни, транспарентни и законски усогласени финансиски извештаи. Вашата улога е од исклучително значење за правилното функционирање на даночниот систем и за градењето доверба меѓу институциите, стопанството и граѓаните.

Во време на динамични промени и забрзана дигитална трансформација, Управата за јавни приходи останува ваш сигурен и посветен соработник – со цел унапредување на професионалните стандарди, воведување современи решенија и обезбедување транспарентна и континуирана комуникација.

Ви посакуваме добро здравје, многу успех и бројни професионални достигнувања.

Среќен Ден на сметководителите, велат од УЈП.

Можеби ќе ве интересира...

СО ИМИЊА НА ЛУЃЕ И ФИРМИ ОБЈАВЕНА НОВА ЛИСТА – Еве кој колку должи за данок кон државата

BiznisPRO

Во периодот јануари – јуни 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33 милиони денари

BiznisPRO

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, февруари 2026 година

BiznisPRO