“ЕКСПЛОЗИЈА” НА ДАДЕНИ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА: Во септември издадени одобренија за 727 станови со вкупна површина од 69 411 м2

Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година

Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 124 419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 56 (17.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 314 објекти, на 229 (72.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69 411 м2.

Можеби ќе ве интересира...

Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата, работиме на подобрување на деловната клима

BiznisPRO

Доколку сте вработени, оваа сума мора да легне на вашата сметка до крајот на годината!

BiznisPRO

Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

BiznisPRO