Слободни работни места, трето тримесечје 2025 година

Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања.

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број слободни работни места, 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.53 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.22 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.70 %.

Можеби ќе ве интересира...

Им доаѓа ли крајот на брзите кеш кредити како што ги знаеме – Владата подготвува решавање на овој горлив проблем

BiznisPRO

Извозот за 8 месеци паднал за 5 проценти во споредба со лани, но увозот си расте!

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во вторник? – Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија

BiznisPRO