Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки – УЈП напиша над 2.500 казни

Управата за Јавни Приходи соопшти дека од почетокот на годината спровела околу 4.000 контроли во разни компании, при што изрекле дури 2500 глоби, а 113 објекти ги запечатиле поради посериозни прекршувања на законот.

Анализите на УЈП согласно податоците од ГПРС уредите, теренски контроли и ДДВ пријавите покажале дека дел од обврзниците прикажувале ниски или идентични промети, не се совпаѓале со фискалните уреди и ДДВ пријавите, но имало и разлики на капацитети на објектите и пријавениот промет.

УЈП упати апел до граѓаните да бараат фискални сметки, а потсетуваат дека евидентирањето на прометот е законска обврска.

Можеби ќе ве интересира...

Лидл го купи објектот “Бриколаж”

BiznisPRO

Објавена листа на должници со имиња на фирми и луѓе – кој колку должи за данок кон државата?

BiznisPRO

Лоша вест: Повторно поскапуваат горивата

BiznisPRO