SOCAR, M-Gaz и CNG Systems го прошируваат проектот за мобилна гасификација во Северна Македонија

Почнувајќи од 1 декември 2025 година, благодарение на продуктивната соработка помеѓу државната нафтена компанија на Република Азербејџан – SOCAR, M-Gaz и CNG Systems, природен гас од Азербејџан се испорачува до приватни и индустриски потрошувачи во Македонија. Станува збор за пилот-проширување на проектот за виртуелна гасификација што од 2024 година се реализира во Бугарија, а сега и на територијата на Северна Македонија.

Проектот во партнерството помеѓу SOCAR, M-Gaz и CNG Systems започна со испорака на компримиран природен гас (CNG) до индустриски и приватни субјекти кои не се поврзани на гасоводна или дистрибутивна мрежа. SOCAR, преку M-Gaz, обезбедува потребни количини природен гас за компанијата CNG Systems, која потоа ги снабдува индустриските и приватните потрошувачи во Струмица. Во градот е изградена гасна дистрибутивна мрежа, која се снабдува со компримиран природен гас.

Со ова партнерство, азербејџанскиот природен гас обезбедува греење и топла вода во 6 детски градинки, 8 училишта, една болница, неколку административни објекти на Општина Струмица како и за повеќе од 400 домакинства, но и за неколку индустриски потрошувачи.

SOCAR продолжува преку ефикасната соработка со M-Gaz и CNG Systems да ги поддржува и унапредува проектите во Бугарија а во наредниот период и во Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука во РКЕ: Возачите на бензин “радосни”, а за оние на дизел “разочарување”

BiznisPRO

Откако илјадници семејства се снабдија со инвертери, цените на пелетите паднаа од 190 до 230 денари за вреќа со се достава

BiznisPRO

Цените на гасот на европската берза ТТФ се на највисоко ниво во последните пет месеци од 34,9 евра за мегават-час

BiznisPRO