СИНДИКАТИТЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА ЈА СТАВАТ НА МАСА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА – Утре седница на економско-социјалниот совет на која ќе се сретнат власта и синдикатите

Утре ќе се оддржи седница на економско-социјалниот совет на која ќе се сретнат власта и синдикатите, објави Centar.mk.

На утрешната средба се очекува синдикатите да ја стават на маса темата за покачување на минималната плата на 600 евра веднаш.

Се очекува седница на која нема да се молчи за секојдневното поскапување и високата инфлација која удира најмногу по работниците, додека синдикалната кошничка достигна 65.137 денари, објави Centar.mk

Иако работодавачите негодуваат на толку висока минимална плата во Македонија, експертите велат дека зголемувањето на минималецот би можел да биде реален со помош на владата која би ја субвенционирала разликата на придонесите, мерка која во време на Владата на Зоран Заев вродила со плод во македонската економија. Тогаш минималецот од околу 8000 денари во неколку години се искачи за речиси тројно повеќе.

И додека Македонија влегува во Новата 2026-та година со минималец 398 евра, во Албанија се случува вистински бум. Кај соседите од први јануари следната година минималецот ќе биде нешто над 510 евра, објави Centar.mk

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на прометот во индустријата, јануари 2025 година

BiznisPRO

Подгответе се за летно сметање на времето – наскоро стрелките одат за еден час нанапред

BiznisPRO

Цените во земјоделството во септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.3 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот

BiznisPRO