МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании, трансферирани две транши од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра.

Со исплатата на овие транши вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании.

Владата средствата ги обезбеди преку кредитна линија од унгарската Експорт-импорт банка, со цел поддршка на домашната економија, а преку пласман на средства по поволни услови за компаниите за реализација на приватните инвестиции во развој на компаниите и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно и рок на отплата до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесуваат 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира...

Coca-Cola HBC и Пивара Скопје повторно рангирани како најодржливи компании за пијалаци на глобално ниво

BiznisPRO

Индекси на бројот на работниците во индустријата, јануари 2025 година

BiznisPRO

ССМ: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

BiznisPRO