Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6.6 % во споредба со 2024 година соопшти ДЗС.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 61.4 %, а жени 38.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1.5 % споредено со 2024 година. Од вкупниот број вработени, 57.6% се мажи, а 42.4 % се жени.
Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 94 847, што е за 11.5 % повеќе од претходната година. Најголем број неформално вработени лица, 48.5 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.1 % во секторот Градежништво.
