Во јануари 2026 година 52 943 туристи оствариле 103 983 ноќевања

Бројот на туристите во јануари 2026 година изнесува 52 943, од кои 38.2 % се домашни туристи, а 61.8 % се странски туристи, извести ДЗС.

Бројот на ноќевањата во јануари 2026 година изнесува 103 983, од кои 45.5 % се од домашните туристи, и 54.5 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 2.7 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 10.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 3.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 4.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 7.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 27 февруари 2025

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO

УЈП со нови контроли за фискални – третина од контролираните субјекти со неправилности, 66 заработија глоби

BiznisPRO