Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

Доживејте го првиот паметен телефон во светот со вграден екран за приватност

Скопје, 16 март 2026 година – Сега гледате, сега не. Ова не е магичен трик, вие треба да имате контрола врз тоа што другите можат да видат на вашиот уред. Со првиот во индустријата вграден Privacy Display екран на Galaxy S26 Ultra, можете да одлучите кога сакате јасен приказ од сите агли, а кога сакате дополнителна заштита од љубопитните погледи.

Што е Privacy Display?

Privacy Display на Galaxy S26 Ultra е нов вид лична заштита вградена директно во уредот која ви овозможува да ја прилагодите видливоста на содржината на екранот. Кога оваа функција е вклучена, приказот е јасен за корисникот, додека го ограничува она што другите можат да го видат кога го гледаат екранот од страна – идеално кога патувате или се наоѓате на јавни места.

За разлика од дополнителните заштитни фолии за приватност што се лепат на екранот, Privacy Display на Galaxy S26 Ultra обезбедува заштита без компромис во искуството при гледање за време на секојдневната употреба.

Како функционира Privacy Display?

Интегриран директно во хардверот на екранот, Privacy Display на Galaxy S26 Ultra контролира како пикселите на екранот ја распрснуваат светлината. Кога е вклучен, ја ограничува видливоста од странични агли, а кога е исклучен го задржува целосното искуство на приказ од било кој правец. Овој пристап базиран на хардвер обезбедува појасно и поконзистентно искуство во споредба со традиционалната заштита за приватност на екранот, која трајно ја намалува осветленоста и јасноста и може негативно да влијае на одговорот на допир на самиот екран.

Privacy Display исто така е и прилагодлив. Можете сами да одлучите кога ќе се активира, на пример кога внесувате чувствителни информации како лозинки или може да ја ограничите видливоста за одредени видови содржина, како што се “pop-up“ известувања. Сè се сведува на изборот на корисникот.

Како да го користите Privacy Display на Galaxy S26 Ultra

За чекор по чекор инструкции како да го вклучите Privacy Display, погледнете го видеото на следниот линк. Пробајте го и Try Galaxy за да тестирате некоја од најновите Galaxy функции, вклучувајќи ја и функцијата Privacy Display, директно на уредот кој го имате и го држите во рака во моментов.

Дознајте повеќе за Galaxy S26 Ultra и сите најнови Galaxy уреди на samsung.com/mk/.

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк ја продолжува иницијативата „Среќно прваче“ : Петта година по ред пакетчиња за успешен старт на новата учебна година за првачињата

BiznisPRO

МФ: Водиме кредибилни и конзистентни макроекономски политики, потврден кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед од „Фич“

BiznisPRO

Пакет за жени на Халкбанк – поттик за финансиска независност и успешен бизнис почеток

BiznisPRO