Се воведува ред: Без план нема инвестиции – општините го преземаат клучниот збор, донесен правилникот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план.

Со овој правилник за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, со што се става крај на ад-хок пристапот и се воведува ред, предвидливост и рамномерност во развојот на енергетските капацитети во државата.

Клучни новини на системот:
• Инвеститорите кои планираат реализација на енергетски објекти со моќност до 1 MW, иницијативите ги доставуваат директно до општините каде што сакаат да инвестираат, најдоцна до 1 април;
• Општините врз основа на пристигнатите иницијативи, сопствените потреби и просторни можности, изработуваат Општински енергетски план и предлог за инвестиции;
• Подготвените планови општините ги доставуваат до Министерството најдоцна до 15 мај;
• Министерството, имајќи ја предвид целокупната слика и потребата од рамномерен развој, изготвува годишен план за инвестиции;
• Општинските енергетски планови се објавуваат на веб-страниците на општините најдоцна до 1 јули, со што процесот станува целосно транспарентен.

Со оваа нова методологија, општините стануваат клучен филтер и партнер во процесот на планирање, што овозможува инвестициите да бидат усогласени со реалните потреби на граѓаните, инфраструктурните капацитети и локалниот развој.

Истовремено, Министерството обезбедува стратешка координација и грижа за балансирано распределување на капацитетите на национално ниво, спречувајќи прекумерна концентрација на проекти во одредени региони и овозможувајќи одржлив и правичен енергетски развој.

Правилникот има за цел да им помогне на општините во секој чекор од процесот – од иницијатива до финален план – преку јасно дефинирани насоки, структура и методологија за изработка на општинските енергетски планови.

Во таа насока, Министерството веќе го достави правилникот до ЗЕЛС, кој ќе го дистрибуира до сите општини во државата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува на располагање на сите општини за дополнителни информации, стручна поддршка и појаснувања во врска со примената на правилникот, со цел процесот на подготовка и реализација на општинските енергетски планови да се одвива непречено и ефикасно.

За прашања и поддршка, општините можат да се обратат на:
opshtinskiplan@energy.gov.mk

Со воспоставувањето на овој систем, за првпат се гради темел за долгорочно, контролирано и стратешко управување со енергетските инвестиции во Северна Македонија – во интерес на граѓаните, општините и економијата.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со важно известување до фирмите

BiznisPRO

По еден авион туристи дневно ќе носи во Македонија германската туристичка агенција “РСД”

BiznisPRO

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

BiznisPRO