Нови цени на горивата – РКЕ ќе стокми нови цени на бензинот и дизелот

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика ќе ги објави новите цени на горивата во Македонија.

Според податоците на светските берзи нафтата од типот брент се продава за 112 долари за барел.

Во меѓувреме Владата на вчерашната седница одлучи да се намали ДДВ за бензините и дизелот од 18 на 10%, оваа мерка ќе важи наредните две недели. И покрај ова, можно е поскапување на дизелот.

Во моментов горивата во Македонија се продаваат по следниве цени:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 86.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 88.5 ден/л
ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 89.5 ден/л

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на бензинот и дизелот

BiznisPRO

Курсна листа за 19 март 2025

BiznisPRO

Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

BiznisPRO