фото ЈС

Просечната исплатена бруто плата надмина 70.000 денари, нето таа изнесува 46.617 денари

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2026 година, извести ДЗС.

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70 066 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2026 година изнесуваше 70 066 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13.2 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.7 % и Преработувачка индустрија за 10.6 %.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.6 %, Градежништво за 5.6 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Лидл го купи објектот “Бриколаж”

BiznisPRO

Струјата е најскапа во Германија, а најевтина во Унгарија

BiznisPRO

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.6 % во јануари 2026 во однос на јануари 2025 година

BiznisPRO