Звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1855 лица

Во 2025 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1855 лица, од кои 1558 или 84 % се магистри и 297 или 16 % се специјалисти, соопштија од Државниот завод за статистика.

Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2024 година, е зголемен за 0.5 %.

Учеството на жените магистри, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2025 година е 61.2 %.

Во 2025 година, најголем број од магистерските трудови, 497 или 31.9 %, се од областите на бизнисот, администрацијата и правото, 16.4 % се од областите на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 15.3 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Можеби ќе ве интересира...

„Божиновска и Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија – се редефинира енергетската карта на регионот“

BiznisPRO

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

BiznisPRO

Цените на електричните и класичните автомобили со се’ помала разлика

BiznisPRO