Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на отварање на новата трафостаница “ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.

Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.

фото Министерство за транспорт

Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:

“ Навистина ми е драго што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на Градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата.

Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти кои се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него.

Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментов мислам сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање на еден Сојуз и еден обидинет пристап, мислам дека Македонија ќе го покаже своелто лидерско место во годините кои се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата” се обрати вицепремиерот Николоски.

фото Министерство за Транспорт

Можеби ќе ве интересира...

Професори, уметници, стопанственици со значајни остварувања ќе говорат на „Чувари на мудроста“

BiznisPRO

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

BiznisPRO

Секоја идеја звучи лудо на почеток – Стартап-финансирање на малите бизниси во ХалкБанк 

BiznisPRO