A1 Македонија ја носи врвната забава и супербрз интернет, Filmbox+, Netflix, SkyShowtime и 20 GB роаминг без дополнителна претплата засекогаш со A1 Combo

Со постојана посветеност кон корисниците и иновациите, A1 Македонија со огромно задоволство ја претставува својата најнова понуда во богатото портфолио на A1 Combo, пакет што обединува премиум дигитални содржини, ултрабрз интернет и целосна слобода за уживање во омилените филмови, серии и апликации, каде било и кога било.

Со A1 Combo корисниците добиваат пристап до збогатеното портфолио филмски канали и премиерно на македонскиот пазар, можноста да уживаат во Filmbox+, како и во веќе познатите и омилени премиум содржини на Netflix и на SkyShowtime, без дополнителна претплата и тоа засекогаш. Мрежата на A1 Македонија овозможува ултрабрз интернет до 1 Gbps, гарантирајќи стабилно, брзо и сигурно дигитално искуство, идеално за стриминг на омилените содржини, за работа од дома или за гејминг без компромис.

Како доказ на посветеноста во креирање продукти за целосно комуникациско задоволство, со A1 Combo корисниците добиваат можност да изберат врвни модели по супер цени што ја прават технологијата достапна и возбудлива.

За патниците, преку услугата A1 Net Sef, корисниците добиваат 20 GB бесплатен интернет во роаминг секој месец, засекогаш, што го прави патувањето безгрижно и целосно поврзано со дигиталниот свет. A1 Net Sef нуди и други многубројни опции за размена, кои ексклузивно се достапни за мобилните корисници на А1 Македонија, меѓу кои и опцијата Digi Pocket, достапна за тарифните модели од тековното портфолио A1 Alfa, односно можноста да се конвертираат неискористените GB во субвенција за набавка на уред.
„Со оваа понуда го подигаме нивото на пазарот. Filmbox+, Netflix и SkyShowtime засекогаш, ултрабрз интернет до 1 Gbps и 20 GB бесплатен роаминг секој месец обезбедуваат уникатно, премиум дигитално искуство. Нашите корисници добиваат слобода, квалитет и контрола, како и пристап до најновите технологии и содржини. A1 Combo е нашата гаранција за секогаш повеќе за секој. Обединети во еден пакет дизајниран со внимание, посветеност и фокус на вистинско корисничко задоволство“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на A1 Македонија.

Со ова, A1 Македонија не само што ја потврдува својата лидерска позиција, туку и ја зацврстува својата долгорочна посветеност кон иновативни, релевантни и премиум дигитални услуги, кои вистински го подобруваат животот на корисниците и им овозможуваат дигитална слобода без компромис.

Можеби ќе ве интересира...

Технолошкиот гигант немилосрдно отпушта работници

BiznisPRO

A1 го најавува 8. издание на најголемиот е-спорт настан во Македонија A1 Game Fest 2025 powered by Neptun

BiznisPRO

Нова Новогодишна понуда од А1

BiznisPRO