Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.1 %

Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16.7 %, а реално за 11.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 3.4 %, а реално е зголемена за 3.0 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 7.1 %, а реално за 8.1 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 8.5 %, а номинално за 0.3 %.

Можеби ќе ве интересира...

Димитриеска-Кочоска:Британските инвестиции се значајна вредност во економијата – Владата продолжува со политики за стабилна, предвидлива и транспаретна деловна средина

BiznisPRO

УЈП ќе спроведува засилени контроли врз таксистите

BiznisPRO

Делегација на Бордот на Директори на ЕБОР доаѓа во посета на Северна Македонија од 14 до 18 Октомври

BiznisPRO