ОКТА го продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар.

Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени.

Можеби ќе ве интересира...

Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал од 2024 година

BiznisPRO

Бројот на одобренијата за градење во август 2025 година е зголемен за 1.8 % во однос на истиот период од претходната година

BiznisPRO

„Парите доаѓаат! Еве кога Германците ќе ги добијат зголемените плати“

BiznisPRO