фотографијата е креирана оригинално со помош на AI

Бројот на одобренијата за градење во август 2025 година е зголемен за 1.8 % во однос на истиот период од претходната година

Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 241 279 илјади денари, што е за 8.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11.1 %) за објекти од нискоградба и
70 (25.0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 280 објекти, на 166 (59.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (40.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 646 станови со вкупна корисна површина од 64 251 м2.

извор ДЗС

Можеби ќе ве интересира...

Лидл почна да се подготвува за изградба на првиот маркет во Скопје

BiznisPRO

Како да се врзе крај со крај? Синдикалната кошничка за октомври изнесува 61.249 денари, намалувањето незабележливо

BiznisPRO

Џонсон Мети со одлични резултати за првите шест месеци од фискалната година

BiznisPRO