Во февруари 2026 година 48 654 туристи оствариле 94 652 ноќевања

Во февруари 2026 година, од вкупниот број туристи, 32.6 % се домашни, а 67.4 % се странски туристи, соопшти ДЗС..

Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94 652, од кои 38.1 % се од домашните туристи, а 61.9 % од странските туристи.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 5.1 %, а кај странските има зголемување за 6.5 %.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.6 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските има намалување за 2.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

BiznisPRO

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија – поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

BiznisPRO

Курсна листа за 15-ти март 2025

BiznisPRO