ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Поевтинуваат горивата – еве ги новите цени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 2,939 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,288 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

„Фич“: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата

BiznisPRO

Редовно законско ажурирање на регистрите на професионални сметководители 

BiznisPRO

Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство 

BiznisPRO