РАСТЕЛА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во февруари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.159 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2026 година, изнесуваше 46 159 денари.

Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.2 %, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.3 %, Рударство и вадење камен за 10.6 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 5.7 %, Други услужни дејности за 5.0 % и Уметност, забава и рекреација за 4.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

Произведената електрична енергија во јуни 2025 година е поголема од потрошената, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 333 640 MWh, што претставува 12.5 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO

Синдикатите бараат 500 евра минимална плата, но најверојатно таа ќе биде 24.500 денари

BiznisPRO

Десетта меѓународна Конференција на Народната банка: Независноста на централните банки во ЈИЕ овозможи справување со инфлацијата, без рецесија и финансиски кризи

BiznisPRO