„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди Lidl како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит.

Лидл Северна Македонија нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени. Обуките траат од 6 до 8 недели и се дизајнирани да им овозможат на кандидатите да се стекнат со практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа е клучен фактор за успех.

„Со кампањата ,Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во Lidl секој има шанса да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и со почит кон секој поединец. Нашата цел е да изградиме силен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со компанијата. Веруваме дека вложувањето во луѓето е клучот за долгорочен успех и токму затоа создаваме средина во која развојот и напредокот се реални и достижни“, изјави Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во Лидл Северна Македонија.

Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, компанијата работи според воспоставени системи и процеси кои се развивани со децении и сега се применуваат и на македонскиот пазар. Ова овозможува сигурна и стабилна работна средина, како и јасни можности за учење, професионален развој и напредување. Компанијата работи транспарентно и во согласност со сите законски норми, обезбедувајќи им на вработените сигурност и стабилност, но и дополнителни придобивки што придонесуваат за подобар квалитет на живот, вклучувајќи приватно здравствено осигурување и проширени здравствени прегледи.

Со своето децениско меѓународно искуство, покрај отворањето нови работни места, Lidl поставува и нови стандарди во однос на работните услови, организацијата и грижата за вработените, активно придонесувајќи кон унапредување на пазарот на труд.

Повеќе информации за процесот на аплицирање се достапни на: https://jobs.lidl.mk/mk/karavan

 

Можеби ќе ве интересира...

Вицегувернерката Емилија Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба

BiznisPRO

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

BiznisPRO

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

BiznisPRO