Секоја пролет, кога Хрватска почнува да се подготвува за туристичката сезона, повторно се отвора истата приказна: илјадници работници од регионот заминуваат кон Јадранот во потрага по подобра заработка. Меѓу нив има и голем број Македонци, најчесто млади луѓе, угостители, готвачи, келнери, собарки, рецепционери и помошни работници кои летото го гледаат како можност за неколку месеци да заработат повеќе отколку дома, пишува Centar.mk.
Хрватскиот туризам и оваа година се соочува со голем недостиг на работници. Според проценките што ги пренесуваат регионалните медиуми, на Хрватска за сезоната 2026 ѝ недостигаат околу 65.000 до 70.000 сезонски работници, особено во хотелиерството, рестораните, кафулињата, кујните и трговијата. Најбарани се готвачи, келнери, слаткари, собарки, рецепционери, аниматори и продавачи во туристичките места.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
