Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 %, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 % и Информации и комуникации за 11.6 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 10.9 %, Дејности во врска со недвижен имот за 9.1 % и Информации и комуникации за 8.5 %, извести ДЗС.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
