Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2026 година изнесуваше 72 818 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.9 %, Дејности во врска со недвижен имот за 12.1 % и Информации и комуникации за 11.3 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 11.2 %, Дејности во врска со недвижен имот за 8.7 % и Информации и комуникации за 7.9 %, соопшти ДЗС.

фото Centar.mk

Можеби ќе ве интересира...

Силен раст на просечната плата во Хрватска

BiznisPRO

ЕВН Хоме доби само една понуда на тендерот за струја за 2026

BiznisPRO

Секој 24-ти граѓанин овде е милионер

BiznisPRO