ЕУ КАКО НАЈВАЖЕН ПАРТНЕР: Македонскиот извоз најмногу се потпира на европските пазари

Над 90 % од вкупната стоковна размена на Република Северна Македонија во 2024 година е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Во 2024 година суфицитот во размената на стоки е генериран, главно, од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија.

Најголемо учество во структурата на извозот во 2024 година имаат претпријатијата што своите стоки ги извезуваат на пазарите на земјите членки на Европската Унија.

Претпријатијата кои му припаѓаат на секторот Индустрија имаат најголемо учество и според бројот на претпријатија, 45.4 %, и според реализираната вредност, 93.2 %.

Пазарот на земјите членки на Европската Унија и на страната на увозот се издвојува како најатрактивен. 45.0 % од претпријатијата, според нивниот број, припаѓаат во секторот Трговија, а според реализираната вредност, претпријатијата од секторот Индустрија учествуваат најмногу – со 50.2 %, информира ДЗС.

Можеби ќе ве интересира...

Плаќате поскапо кафе во кафич? Статистика измери ново поскапување на угостителските услуги во земјава

BiznisPRO

Потпишан договорот за изградба на гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција

BiznisPRO

Народот се подготвува за масовен бојкот на маркетите во петок

BiznisPRO