ПРОМЕТОТ ВО МАЛОПРОДАЖБАТА РАСТЕ: Храната, пијалаците и тутунот со реален раст од 11,3 проценти

Во април 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 %, а реално за 11.3 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 %, а реално е зголемена за 5.2 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.6 %, а реално за 9.3 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19.4 %, а номинално за 1.8 %.

Можеби ќе ве интересира...

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Конференција која ja обликува иднината

BiznisPRO

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2024 година

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во среда? – Курсна листа за 8 јануари 2025

BiznisPRO