Се токмат нови цени на горивата – Можно е убаво изненадување

Во понеделник Регулаторна Комисија за Енергетика се очекува да ги објави новите цени на горивата.

Според моменталните цени на берзите нафтата од типот брент се продава za 91,3 долари за барел, додека нафтата од типот вти круд за 87 долари за барел.

Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната прес конференција најави дека според пресметките цените на дизелот во понеделник би се снижиле за 6,5 денари, но сепак конечниот збор ќе го има регулаторното тело.

Во меѓувреме ова се актуелните цени кои ќе важат до утре:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 87.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 89.5 ден/л

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чини еврото, а колку доларот? – курсна листа за 1-ви октомври 2024

BiznisPRO

Продолжуваат позитивните финансиски резултати на Реплек во првото полугодие од 2024 година

BiznisPRO

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат – неизвесноста на пазарите ја намалува побарувачката

BiznisPRO