Нови електрични автобуси! Од каде да се набават, која е најдобрата опција за граѓаните.

Граѓаните сакаат и очекуваат да се возат во нови, еколошки електрични автобуси, кои нема да загадуваат, нема да доцнат, во кои возењето ќе биде пријатно, ќе се чувствуваат сигурно, и ќе можат да си ги планираат секојдневните и работните обврски. Нив не ги интересираат тендери, политички пресметки и партиски интереси. Тие сакаат безбеден, квалитетен и функционален јавен превоз, а градот Скопје реално да плати за автобусите, бидејќи средствата доаѓаат од државниот буџет, пишува Радар.мк
„Скопје одамна заслужува модерен и достоинствен јавен превоз. Наместо неизвесни експерименти, потребни се квалитетни електрични автобуси од проверени производители, кои ќе им служат на граѓаните со години. Најважно е автобусите да бидат безбедни, навремени и сигурни, затоа што граѓаните секој ден зависат од јавниот превоз“ децидни се граѓаните кои ги контактиравме.

Набавката на нови автобуси одамна не е прашање само на модернизација, туку на основна функционалност на градот. Скопје не може да гради политика за почист воздух, помал сообраќаен метеж и поодржлива мобилност ако јавниот превоз остане непредвидлив, недоволен и зависен од возен парк што едвај го одржува дневниот ритам. ЈСП „Скопје“ располага со 341 автобус, но дневно исправни се 185, а во сообраќај се пуштаат само 157 автобуси на градските и приградските линии. Во последните десет години бројот на превезени патници е намален од 52 милиони на 22 милиони годишно.

На неуспешниот тендер според Министерството за транспорт, понуда дале 4 компании. Унгарската „Електробус – Икарус“ – ЕВН која автобуси набавува од Кина, потоа Америчко, кинеско, македонскиот конзорциум „Актрус/Кинг лонг“, кинеската компанија „Жонг Тонг“и турската компанија БМЦ.

Кинескиот производител Кинг Лонг има одлична репутација и за неговите автобуси има докажана пракса. Нивните електрични еко автобуси се возат низ целиот свет. Последните достави се направени во Рим, Берлин и на Малта, како и на азискиот континет. Се карактеризира како производител со искуство и квалитетна сервисна поддршка, кој дава долгорочни гаранции, и за кој нема никакви поплаки досега.

Кинг Лонг автобусите обезбедуваат висока безбедност во возењето, имаат вградени квалитетни еко мотори, автоматизирани врати, и се со јасна прегледност. Имаат USB полначи и бесплатен Wi-Fi. Ги карактеризира одличен минималистички дизајн, внатрешност изработена од најквалитетни материјали и се целосно климатизирани за пријатно чувство при патувањето.

Извор: Конзорциум Актрус/Кинг Лонг /пренесено од Радар.мк

Можеби ќе ве интересира...

Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството

BiznisPRO

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

BiznisPRO

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

BiznisPRO