Со нов визуелен идентитет и филозофијата „Unlock Interesting“, Diners Club International отклучува нова ера на соработки

Во пријатниот амбиент на Wine Berry, Diners Club International денес организираше ексклузивен медиумски бранч на кој официјално беше претставен новиот визуелен идентитет на компанијата. Настанот помина во релаксирана, неформална и пријатна атмосфера, каде менаџментот на компанијата и претставниците на медиумите имаа можност низ отворен разговор да разменат искуства, сугестии и идеи за идни креативни соработки.

Новиот визуелен идентитет, најавен под глобалното мото „Unlock Interesting“, означува значајна еволуција во начинот на кој брендот комуницира со своите членови и јавноста. Во сржта на овој концепт е стремежот секојдневието да се направи поинтересно, а искуствата на корисниците да се издигнат на повисоко, пософистицирано ниво.

Пред присутните се обрати Тони Јанковски, Директор на одделот за развој на производи и иновации, кој официјално им го презентираше новиот визуелен идентитет на компанијата. Новиот изглед директно го рефлектира начинот на кој се менува светот, стилот на живеење и секојдневните моменти на корисниците.

Настанот во Wine Berry уште еднаш ја потврди посветеноста на Diners Club кон градењето силни, долгорочни и транспарентни односи со медиумската заедница, најавувајќи возбудливи проекти и иновации кои допрва следуваат.

Можеби ќе ве интересира...

Трета T Business конференција на Македонски Телеком: Примена на паметни решенија, сајбер безбедност и телемедицина 

BiznisPRO

Во услови на очекуван пад на каматите, сегашниот момент е вистинско време за штедење

BiznisPRO

Професори, уметници, стопанственици со значајни остварувања ќе говорат на „Чувари на мудроста“

BiznisPRO