фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3 % во април 2026 во однос на април 2025 година

Бројот на работниците во април 2026 година, во однос на април 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април
2026 година, во однос на април 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – април 2026 во однос на периодот
јануари – април 2025 година се намалил за 3.0 %.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на пелетите стигнаа до 399 денари: Кое греење се исплати?

BiznisPRO

Колку чини доларот, а колку еврото денес? – Курсна листа за 3-ти јуни 2025

BiznisPRO

Курсна листа за 12 јули 2024 – Колку ќе чинат девизите денеска?

BiznisPRO