Министерство за социјална политика: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа.

Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена.

Сакаме да ги увериме сите корисници дека нивните права се целосно обезбедени и дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања. Надлежните служби работат интензивно на надминување на состојбата и на целосно ставање во функција на новиот систем.

Ги замолуваме граѓаните за разбирање и трпение во овој преоден период, имајќи предвид дека станува збор за процес кој долгорочно ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за сите корисници.

Министерството останува посветено на модернизацијата на системот на социјална и детска заштита и навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности.

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

BiznisPRO

Трибина во Народната банка во соработка со Амбасадата на Швајцарија: Довербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај 2026 година се зголемени за 1.0 % во однос на претходниот месец

BiznisPRO