НОВИ ФИРМИ, НО ПОМАЛКУ РАБОТНИЦИ: Во 2024 година создадени 6.439 претпријатија

Во 2024 година новосоздадени се 6 439 претпријатија, најголем дел од нив во услужните дејности, соопшти ДЗС.

Во 2024 година се регистрирани 6 439 нови претпријатија, што претставува 9.3 % од вкупно активните, пазарноориентирани претпријатија во рамките на деловниот сектор.1)

Во однос на 2023 година е забележано зголемување на бројот на новосоздадените претпријатија за 2.9 %.

Овие претпријатија ангажираат 10 697 лица, што претставува намалување за 28.1 % во однос на претходната година. Без вработени лица биле 27.2 % од новосоздадените претпријатија.

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2023 година згаснале 6.2 %, односно 4 175, главно, во секторот Трговија на големо и мало.

Можеби ќе ве интересира...

Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци

BiznisPRO

Колку чинат девизите денес? – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO

Пензиите во март следната година ќе скокнат за уште 2.500 денари, но колку ќе се покачи минималната плата?

BiznisPRO