АХВ добитник на втора награда Управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби втората награда за Управување со квалитет во јавниот сектор која денес, под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, на одбележувањето на Денот на јавната администрација, на Директорот на АХВ Оливер Миланов, му ја додели Министерот за јавна администрација Горан Минчев. Титулатата прворангирана институција ја доби Министерството за дигитална трансформација. На настанот беше истакната важноста на професионалната, ефикасна и транспарентна јавна администрација, како клучен столб во процесот на европска интеграција и во обезбедувањето на квалитетни услуги за граѓаните и бизнисот.

-Денешното одбележување на Денот на јавната администрација, беше можност да се потврди дека реформите, професионалноста и посветената работа носат видливи резултати. Особена чест и задоволство ми претставува што Агенцијата за храна и ветеринарство е добитник на втората награда Управување со квалитет во јавниот сектор. Ова признание е потврда дека континуираното вложување во подобрување на институционалните капацитети, унапредувањето на работните процеси и примената на највисоките професионални стандарди создаваат јавна администрација која работи во интерес на граѓаните – вели Миланов.

Наградата, рече Миланв, им припаѓа на сите вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство, нивната стручност, посветеност и одговорност во секојдневното извршување на задачите. “Благодарение на нивната работа, Агенцијата останува сигурен чувар на безбедноста на храната, здравјето и благосостојбата на животните и доверлив партнер на граѓаните, стопанството и институциите. Нашата визија е јасна – модерна, ефикасна и транспарентна институција која работи според европските стандарди, со интегритет и мерливи резултати. Ќе продолжиме да инвестираме во квалитет, дигитализација, професионален развој и унапредување на услугите, затоа што довербата на граѓаните се гради со одговорна работа и конкретни резултати”- потенцира Миланов.

Тој им се заблагодари на сите колеги, соработници и институционални партнери за нивниот придонес во овој заАХВ заеднички успех.

-Признаниети е мотив да продолжиме уште поодлучно на патот кон современа јавна администрација и повисок квалитет на услугите што ги обезбедуваме. Довербата се заслужува, интегритетот се живее, а резултатите се најсилната потврда на нашата посветеност – истакнува тој.

На настанот се обратија Претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, Министерот за јавна администрација Горан Минчев, шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин и претставници на институции од областа на јавната администрација од регионов и Европа.

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци

BiznisPRO

Донација од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф Обложувалници

BiznisPRO

ИСОС: Повеќе од 4700 професионални сметководители се усогласени со законот, но поединци сеуште работат во сива зона и се гласни поддржувачи на ваквата негативна појава

BiznisPRO