ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина. Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за модернизација и унапредување на процесите.
Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти. Компанијата доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни.
ТИТАН Усје строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и останува целосно посветена на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Компанијата со големо внимание ги следи сите законски промени и во меѓународното и во домашното законодавство и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се усогласи на регулаторните барања. Во изминатите 15 години компанијата инвестираше 29 милиони евра во модернизација и заштита на животната средина.
ТИТАН Усје го почитува интересот на јавноста за прашањата поврзани со животната средина и останува отворен за дијалог заснован на факти, стручни аргументи и точни информации. Компанијата цврсто верува дека транспарентноста, почитувањето на законите, процедурите и конструктивната комуникација се најдобриот начин за градење доверба и заеднички придонес кон подобра животна средина.
Во изминатите години компанијата инвестираше значителни средства во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, вклучително и најсовремени системи за филтрација и независен систем за континуирано следење на емисиите. Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити.
Преку континуирани инвестиции во технологија и управување со процесите ТИТАН Усје применуваат најдобри достапни техники и стандарди во индустријата, со цел дополнително намалување на влијанието врз животната средина. Дополнително на тоа, компанија се придржува до најдобрите меѓународни признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи јa долгорочната посветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
