Во април 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48.779 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2026 година, изнесуваше 48 779 денари.

Во април 2026 година, во однос на април 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27.0 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9.2 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 20.1 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 2.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 2.0 %.

Можеби ќе ве интересира...

Дали треба да се оди во менувачница во петок? – Курсна листа за 21 јуни 2024

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во вторник – Курсна листа за 17 декември 2024

BiznisPRO

Просечната нето плата во Македонија 41.999 денари

BiznisPRO