Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во првиот квартал од 2026 година

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на првиот квартал од 2026 година:

На 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра (или 26,2% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра (4,8%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68%.

Во текот на првиот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 259 милиони евра и изнесува 9.009 милиони евра, што претставува 49,1% од проектираниот БДП за 2026 година.

Можеби ќе ве интересира...

Се отвори “СИМБОЛ” новиот малопродажен парк, за нова модерна Струмица

BiznisPRO

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ И ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ – ДОНАЦИЈА ОД „SPORT LIFE”

BiznisPRO

Со возбудлива вечер на иновации БАТ во Скопје го прослави лансирањето на уредот glo Hyper Pro

BiznisPRO