Во април 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 73.366 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2026 година изнесуваше 73 366 денари.

Во април 2026 година, во однос на април 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27.5 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.5 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 8.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 20.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Административни и помошни услужни дејности за 2.0 % и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1.8 %.

Нето исплатената плата била 48.799 денари за месец април.

Можеби ќе ве интересира...

Утре започнува јубилејната Десетта меѓународна конференција во организација на Народната банка

BiznisPRO

Се повлекуваат од продажба кексички со прелив и колачи – АХВ со важно соопштение

BiznisPRO

Продолжен викенд: Подгответе се за авантура со Samsung Galaxy S26 Ultra и Galaxy Buds4 Pro

BiznisPRO