фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Индустриското производство во мај 2026 година е намалено за 2.0 % во однос на мај 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи опаѓање од 3.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6.1 %, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:

– Производство на прехранбени производи,
– Производство на пијалаци,
– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за
3.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 99.7.

Можеби ќе ве интересира...

Поделени 493 милиони денари за зелена нафта, оваа мерка од наредната година ќе претрпи измени за да биде поефективна

BiznisPRO

Заработуваат дури 3.228 евра месечно: Објавена просечна плата во Хрватска

BiznisPRO

Грејната сезона почнува на 15-ти октомври 2024

BiznisPRO