ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС.

Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното приклучување на Босна и Херцеговина и Црна Гора, се очекува дека и нашата земја ќе се приклучи кон платформата во ноември, заедно со Албанија и Косово, со што иницијативата за брзи плаќања ќе ги опфати сите земји учеснички од Западен Балкан.

Фактот што претседателката на ЕЦБ го издвои овој проект и јавно го потврди очекуваното приклучување на нашата земја претставува значајна потврда за важноста на активностите што ги спроведува Народната банка за модернизација на домашната платежна инфраструктура и за нејзино усогласување со европските стандарди.

Со приклучувањето кон клонот на ТИПС, Северна Македонија ќе стане дел од современата инфраструктура за инстант плаќања заснована на технологијата на европскиот систем ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement). Проектот ќе овозможи побрзи, посигурни и поефикасни плаќања во денари и евра за граѓаните и за компаниите и ќе претставува важен чекор во понатамошната интеграција на домашниот платен систем со европските платежни инфраструктури.

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Тргна исплатата на пензиите предвреме, еве која банка излезе со важно соопштение

BiznisPRO

Во јануари повеќе туристи од истиот период лани

BiznisPRO

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

BiznisPRO