Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија.
Санџак Курт е дипломиран градежен инженер на Универзитетот „Мустафа Кемал“ во Република Туркије. Неговата кариера е целосно изградена во рамките на групацијата Лимак, каде професионалниот пат го започнал со стручна пракса во 2005 година. Во текот на својата богата кариера напредувал низ повеќе инженерски и менаџерски позиции, преземајќи сѐ поголеми одговорности во реализацијата на капитални проекти во повеќе земји. Меѓу неговите најзначајни ангажмани се мегапроектот за изградба на тунели НЕОМ во Саудиска Арабија, хидроенергетскиот комплекс Киразлик, браните и хидроелектраните Алкумру, Јусуфели, Татар и Узунчајир во Туркије, браните и хидроелектраните Бања и Моглице во Албанија, изградбата на 72 километарскиот крајбрежен пат покрај Црното Море во Туркије, како и изградбата на метро линијата Тандоган-Кечиорен во Анкара.
Во периодот 2022–2023 година беше дел од тимот на Лимак во Македонија како менаџер за изградба на Limak Diamond Skopje, каде раководеше со реализацијата на мултифункционалниот комплекс, кој опфаќа трговски центар, хотел со пет ѕвезди, четири станбени кули и деловен простор, и се смета за една од најзначајните приватни инвестиции во земјата.
Пред преземањето на функцијата генерален директор во Скопје, Санџак Курт ја извршуваше функцијата виш проектен менаџер на НЕОМ во Саудиска Арабија, каде што раководеше со комплексни тунелски, ископни и геотехнички активности во рамки на еден од најголемите инфраструктурни зафати во светот. За своите професионални резултати беше добитник на признанието „Менаџер на годината за НЕОМ -Тројена“.
Санџак Курт доаѓа на местото на Куртхан Апајдин, кој по долгогодишно успешно лидерство и исклучително значаен придонес во развојот на компанијата и реализацијата на повеќенаменскиот проект „Лимак Скопје“, ја завршува својата мисија како генерален директор и својот професионален ангажман го продолжува во нов кариерен предизвик.
Назначувањето на Санџак Курт е природно продолжување на развојниот пат на Лимак Скопје и ја потврдува определбата на компанијата за континуитет во управувањето, натамошен развој на инвестициите и градење долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и заеднички успех.
фото Лимак
