Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон може да побара од европските земји да ослободат дел од резервите на дизел за да се намали притисокот врз цените.
Американската администрација истовремено ја разгледува и можноста за ограничување на извозот на дизел, додека европските држави стравуваат дека таков потег дополнително би ги зголемил цените на нивните пазари.
