ПРОМО

КРЕДИТИТЕ РАСТАТ СО ДВОЦИФРЕНА СТАПКА – Народната банка објави колку се зголемиле задолжувањето и депозитите на граѓаните

Соопштение на НБРМ за монетарните движења во октомври 2026 годин

  • Во октомври 2026 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) забележа раст од 0,5% на месечна основа, во најголем дел поради повисоките краткорочни депозити и готовите пари во оптек. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 8,9%, под влијание на растот на сите компоненти.
  • Во октомври, вкупните депозити продолжија умерено да растат за 0,5% и 9,3% на месечна и годишна основа, соодветно. Месечниот раст во целост е резултат на растот на секторот „домаќинства“, додека годишниот раст произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.
  • Во октомври, кредитната активност оствари месечно и годишно зголемување од 0,7% и 14,3%, соодветно, коешто се должи на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.

Депозити и кредити на корпоративниот сектор

  • Депозитите на корпоративниот сектор, во октомври, се намалени за 0,7% на месечна основа, пред сè поради намалените средства на трансакциските сметки. На годишна основа е забележан раст од 9,0%, којшто е резултат на повисоките средства на трансакциските сметки, долгорочните депозити и краткорочните депозити во странска валута.
  • Во текот на овој месец, кредитите на претпријатијата бележат месечен раст за 0,8%, во целост поради зголемените кредити во денари, при пад на кредитите во странска валута. Годишниот раст од 16,1% во поголем дел се должи на повисоките кредити во денари.

Депозити и кредити на домаќинствата

  • Во октомври, забрза месечниот раст на депозитите на населението, коишто бележат зголемување од 1,3%, при годишен раст од 9,4%, пред сè поради зголемените средства на трансакциските сметки, при раст и на останатите компоненти.
  • Овој месец орочените депозити на домаќинствата бележат месечен раст од 0,6%, во поголем дел под влијание на зголемените краткорочни орочени депозити, при годишен раст од 5,7%, со поголем придонес кон растот на долгорочните орочени депозити.

Кредитите на населението, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечна основа, во целост како резултат на растот на кредитите во денари. На годишна основа, растот изнесува 12,6% и произлегува од зголеменото кредитирање денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Гледано според намената, овој месец продолжи растот на потрошувачките и станбените кредити (месечен раст од 0,9%, соодветно, како и годишен раст од 12,3% и 15,9%, соодветно).

Придружни информации:

Информација за монетарните движења, октомври 2026

Временски серии: Биланси и прегледи на депозитните институции — месечни податоци

Методолошки објаснувања за монетарната статистика

Информација за методолошките измени

Календар на објавување податоци